Тетовци утрово беа сведоци на несекојдневна магла во лето


Намалена видливост , зачаденост и непријатна миризба во воздухот утрово можеа да забележат тетовци. Појавата предизвика вознемиреност и беше главна тема на разговорите, како и на објавите на социјалните мрежи.

Експертите тврдат дека се работи за нормална појава предизвикана од високите температури на воздухот и големата влажност на почвата во содејство со веќе постоечката загаденост на воздухот.

tetovo maglaОд Центарот за управување со кризи регионална дирекција Тетово ни рекоа дека утрово голем број граѓани се јавувале и алармирале за појавата на чад во воздухот и тврделе дека чадот доаѓа од мини депониите кои горат. Потврда за гаснење на пожари на дивите депонии во Тетово добивме и од територијалната противпожарна едница која неколку пати деновиве интервенирала на лице место.

Како што во телефонски разговор ни изјави специјалист по хигиена и здравствена екологија доктор Џавит Фејзули, појавата на замагланост на воздухот утрово е резултат на високите температури кои ги имаме донививе и кои предизвикуваат испарување од земјата придонесувајќи да се зголеми влажноста на воздухот. Дополнително ситуацијата ја отежнува постоечката загаденост на воздухот во Тетово која мешајќи се со капките вода ја создава таа намалена видливост. Немањето ветер за проветрување е отежнувачката околност во оваа ситуација – тврди доктор Фејзули.

Екстремно висока концентрацијата на штетните и канцерогени пием 10 честичките беше измерена утрово после 10 часот во екот на најголемата замагленост на воздухот, 950 микрограми на метар кубен или 19 пати повеќе од дозволената и по здравје безбедна гранична вредност. Оваа вредност е највисока летово, а не е непозната за тетовци бидејќи во неколку наврати беше измерена во текот на зимата. Изминатиов месец пием 10 честичките во некои денови беа регистрирани во концентрации до 350 микрограми на метар кубен што е 7 пати повеќе од дозволената вредност. Причините за оваа состојба се многубројни од брзиот индустриски развој, немањето доволно зеленило па до зголемената фрефенција на возила.

Инаку метеоролозите за денес најавија сончево и многу топло време. Утринските температури се движеа од 14°Ц до 24°Ц, а максималните дневни температури од 30°Ц до 40°Ц. УВ индекс ја достигна високата вредност 9. Во Македонија и утре ќе има тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. .

Притоа за следните два дена се препорачува заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната. Посебно внимателни треба да бидат постарите и хронично болните лица – советуваат лекарите.

За среќа топлотниот бран не се очекува да потрае и веќе викендов метеоролозите најавуваат пад на температурите.

Kiss.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1