СООБРАЌАЈКА КАЈ ВЕВЧАНИ: Повредените моторџии се од Италија


Двајца моторциклисти се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар.

До незгодата дошло кога џип со струшки регистарски таблици удрил во група моторциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди.

Сообраќајка-кај-Вевчани-6Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на моторциклите од повредените имало италјански ознаки. Едниот од нив е пренесен во струшката Општа болница, а другиот во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. И двајцата се надвор од животна опасност.

10581812_10204497167090666_739910011_n

По краткиот прекин поради извршувањето на увид на местото на незгодата, сега сообраќајот на овој патен правец се одвива непречено.

Spectra.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1