Замислете дека сте испланирале венчавка и баш тој ден истури од врнење дожд?
Токму тоа му се случило и на еден пар од Белград. Тие се одлучиле на неконвенционален начин да ја прослават венчавка, бидејќи наместо накитените автомобили, низ градот прошетале на велосипед.
Нивното расположение не го расипало ниту лошото време, а за кратко оваа венчавка стана хит на Фејсбук.