Тие имаа среќа: Се урна авион на плажа на Тенерифе, патниците преживеаја


Еден мал авион, во кој биле пилотот и двајца патници, се урна на плажа на Тенерифе, на Канарските Острови, откако пилотот претходно и соопштил на контролата на летање дека има технички проблеми.

Во инцидентот, патниците- една жена и 14 годишно девојче- само се полесно повредени, додека пилотот се здобил со потешки повреди, но не се наоѓа во животна опасност.133506071-95803

Во моментот на падот на авионот, на плажата „Лас Тераситас“ имало голем број туристи кои се сончале, но сепак, никој не бил повреден.

Кога виделе дека малиот авион се насочува кон плажата, во обид да се спушти на песокот, сите почнале да бегаат и да бараат засолниште.

Локалниот весник „Ла Гвардија“ пишува дека авионот полетал од Тенерифе кон Мароко, но набргу пилотот побарал дозвола за принудно атерирање и почнал да бара плажа на која ќе се приземји.

При атерирањето малиот авион се превртел и се распаднал, а гориво и ситни делови од авинот се распрснале по плажата, но неговите остатоци не се запалиле, а трите лица биле безбедно извлечени од малечкото летало.

– Вистинско чудо е што никој на плажата не настрада, а што тројцата од авионот се живи, изјави за локалните медиуми градоначалникот на местото Санта Круз, Хозе Мануел Бермудес.

Според него, или пилотот бил мошне добро обучен, или пак сите тројца имале голема среќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1