Тијана ја одбра песната за евровизија – Победа


Тијана Дапчевиќ со песната насловена “Победа” ќе типува на победа следната година во Данска на 59 Евровизија, што ќе се одржи од 6 до 10 мај. Македонката со српска адреса ексклузивно за ВЕЧЕР го откри насловот на нумерата со која ќе не претставува на ова најголемо европско музичко натпреварување.

tijanaaa“Насловот на песната е “Победа” и секако дека типувам Евровизија следната година да ја донесам тука”, вели Тијана за весникот.

Пејачката, а од неодамна и актерка, открива дека изборот паднал на брза, динамична песна.

“Мислам дека сум на добар пат кога е во прашање изборот на евровизиската песна, веќе ја имам и одбрано. Знам со сигурност дека ќе се пее на македонски, македонски е авторот и ќе има многу добра журка на сцената во Копенхаген. Песната ќе биде динамична за да ја следни мојата енергија, можам и балада да отпеам, но не е тоа тоа”, вели таа и додава дека иако ќе пее на нејзиниот мајчин јазик смета дека ќе допре до европската публика затоа што музиката нема граници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1