Тимошенко: Украина мора да биде член на НАТО


vladimir-putin-yulia-tymoshenko-2009-4-29-12-52-59

Поранешната украинска премиерка, Јулија Тимошнко изјави дека Украина мора да биде членка на НАТО за да се заштити од руската агресија. 

Тимошенко, која е еден од кандидатите за претседател на изборите на 25 мај, за Асошиејтед Прес дека порано само мал дел Украинци го подржуваа влезот на земјата во НАТО, за разлика од сега кога има огромни промени во јавното мислење. „Путин со својата војна против нас успеа да го смени менталитетот на Украинците и да не сврти во различна стратешка страна. НАТО е најдобар избор за Украина“ изјавила Тимошенко. Иако порано јавно не го поддржувапе украинското членство во НАТО, таа и други политичари од поранешната советска република ја заострија реториката. Јулија Тимошенко служеше седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службена должност додека беше на премиерската позиција. Пуштена беше од затвор во февруари.

 

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1