Легендарната американска пејачка Тина Тарнер го откажала одморот во Корушка, а Билд пишува дека 74 годишната пејачка имала благ мозочен удар.
Нејзиниот возач и соработник Алберт Б. За Билд рече дека Тина веќе се опоравува, а ова не е првпат да се појавуваат шпекулации за здравствените проблеми на „рок бабата”.
Имено, во февруари исто се пишуваше за мозочен удар, но нејзината служба за односи со јавноста тоа тогаш го демантираше, соопштувајќи дека станува збор за грип.