Тинејџер во Германија им подели илјадници евра на случајни минувачи


Полицијата во Германија истражува случај со едно 13-годишно момче од јужната германската покраина Баварија, кое на случајни минувачи на улица им поделело пари во вкупна вредност од неколку илјади евра.

Тинејџерот од градот Бад Телз на минувачите им делел банкноти од по 100 евра, соопшти германската полиција.

Еден дел од минувачите кои имале среќа да го добијат неочекуваниот паричен подарок сепак подоцна и ги вратиле парите на полицијата. Според полициските службеници, чесните минувачи вратиле вкупно 4.500 евра.

Весникот „Зидојчецајтунг“ јави дека сепак околу 6.000 евра останале кај оние кои го добиле подарокот од тинејџерот.

Кога полицијата го пресретнала тинејџерот „алтруист“, тој кај себе се уште имал одредена сума пари кои не стигнал да ги подели.

Тој призна дека парите ги земал од неговото семејство.

Неговите родители, според весникот, не биле „посебно импресионирани“ од неговата постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1