Тинејџерка убила своја врсничка со чешел за коса


Во судот „Олд Бејли“ во Лондон денеска една тинејџерка беше осудена на доживотна робија, со условна казна од 10 години, откако минатата година убила друга тинејџерка со чешел за коса со метален, зашилен врв.

Осудената Ребека Даглас (16), ја нападнала Џули Шериф поради тоа што се расправала за момчиња.

Судијата наведел дека типот на чешелот со кој тинејџерката ја нападнала нејзината врсничка, можел да биде ефикасно средство за убивање како и остар нож.

Девојката никогаш не се опоравила од убодот на металниот врв на чешелот, кој длабоко продрел во нејзиниот мозок и умрела по петмесечна кома.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1