Внимавајте опасен токсин се крие во детските играчки


Опасен токсин под име „кадмиум“ е токсичен метал кој според експертите го има во организмите кај децата, а тоа значително им прави потешкотии во учењето.

Студија направена во САД неодамна откри дека кај децата кои имаат големи количини на кадиум во урината, имаат трипати поголема стапка на потешкотии при учењето и им се потребни дополнителни часови.
И покрај тоа што секое дете е изложено на опасноста од овој елемент, малкумина медицински експерти досега посветиле доволно внимание на оваа тема. Кадиумот го има и во храната, како на пример во компирот, во семињата, зеленчукот. Исто така го има и во цигарите, го има и во евтиниот накит произведен во Кина, каде што овој метал се употребува место олово.

По ваквите обелоденија голем број на трговци во САД, повлекле голем дел од нарачките на накити и секаков вид на украси и вовеле строги контроли.

Кадиумот им штети на нервните клетки. Истражувачите велат дека со новите сознанија докажуваат дека како и оловото и кадиумот може да биде подеднакво погубен за децкиот мозок. Според зборовите на доктор Брус Ланпхер, педијатар и епидеминолог, собраните податоци силно укажуваат дека кадмиумот е невротоксичен, ги труе нервните клетки.

Според една студија спроведена на универзитетот Харвард во САД, се покажало дека децата со највисок кадиум во урината, имаат 3,2 пати поголема веројатност да имаат проблеми во учењето отколку кај оние деца во кој што овој метал е минимален. Исто така овие деца мораат да посетуваат специјализирани настави. Експертите предупредуваат дека најверојатното внесување на кадиум во телото, односно организмот, е преку ставање или голтање на загадени предмети. Најдобар начин да се заштитат децата, е компаниите од целиот свет да не ставаат кадмиум во производите, а се додека станува извесно дека се продаваат контаминирани производи, увозниците да бидат тие кои што ќе ги тестираат сомнителните предмети.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1