Австриски медиуми ја објавиле веста дека една од босанските ученички, кои на 10-ти април избегале во Сирија и се земале за терористи, загинала во конфликтите во оваа земја.
„Сега за сега се уште не можеме со сигурност да потврдиме колку ученички го загубиле животот, но родителите на една од нив добиле информации дека детето им загинало“, изјавил потпаролот на Министерството за внатрешни работи.
На медиумите не им е соопштено дали се работи за Самра Кешиновиќ (16) или Сабина Селимовиќ (15). Александар Мараковиќ, портпаролот на Министерството за внатрешни работи го потврдил за Салцбуршкиот весник “Salzburger Nachrichten” постоењето на овие информации.
Да се потсетиме, Самра Кешиновиќ и Сабина Селимовиќ побегнаа на 10-ти април од родителските домови и од Виена најпрво се упатиле во турскиот град Адана на граница со Сирија. Од таму ја поминале границата и влегле во Сирија каде што им се приклучиле на џихадистите.
Според потврдените информации девојките се омажиле за исламски терористи, а еднаш месечно имале дозвола на кратко да им се јават на родителите.