Ни бараа шеќер и вода, па нe ограбија – измамнички шетаат низ скопските населби


Ни затропаа на вратата. Беа убаво облечени и оставаа впечаток на чесни дами, иако не ги познававме, па им отворивме. Ни рекоа дека сакаат да ни направат презентација на производи, а во еден момент ни побараа кафе, но и шеќер со вода, оти на едната и се слошило, а додека се обидувавме да помогнеме не ограбија и си заминаа. Вака за Дневник семејство од Скопје раскажува што преживеало сакајќи само да помогне, пишува СкопјеИнфо.tropa vrata prodavaci stan

Шемата е едноставна. Тие нудат производ за продавање како изговор да влезат во нечиј дом, а потоа додека бараат кафе или вода од домаќините, го користат моментот за да ги ограбат.

– Бев дома кога две дотерани госпоѓи ми заѕвонија на вратата. Жените изгледаа како да се бизнисменки. Носеа чанти, но и некои торби. Ми се претставија и ме прашаа дали може да влезат за да ми презентираат некаков производ, вели за Дневник пензионерка од Хиподром.

Оваа кражба ја потврдија и од полицијата. Според МВР, измамничките влегле во станот на 58-годишната М.В. на улицата Никола Kиров-Мајски, од каде што зеле златен накит во вредност од 36.000 денари. Двете жени заѕвониле кај М.В. и понудиле да и презентираат неколку производи. Домаќинката ги пуштила внатре. Додека една од жените ги презентирала производите, втората побарала да оди во тоалет, по што го искористила невниманието на сопственичката и од другата соба во станот успеала да го земе златниот накит.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1