Тирана се изјасни против одлуката на Приштина за данок на српските производи од 100%


Владата на Албанија се изјасни против одлуката на приштинските власти да го зголемат данокот на робата од Србија и БиХ за 100 отсто.

Албанскиот министерот за финансии, Арбен Ахметај, смета дека оваа одлука не е добра ни за Приштина ни за Белград и оти би требало да се одложи, пренесува приштинскиот весник „Коха“.

Министерот ја советува Приштина да не презема такви мерки со било која земја, бидејќи наметнувањето високи тарифи, според него, оди на штета на граѓаните.

Таквата одлука секако би користела за развојот на косовското земјоделство и би значело отворена врата за ширење на косовскиот пазар, но дека сега за тоа не е моментот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1