Тито и готвел на Софија Лорен, со Дракула бил другар, а Чарли Чаплин му салутирал


Приказните за тоа како Софија Лорен му готвела тестенини и како се дружеле со Ричард Бартон и Елизабет Тејлор, се често пишувани.Тито уживал да готви и на Софија Лорен и приготвил штрудли со јаболки.Не е многу познато и дека, покрај наводната авантура со Софија Лорен, Тито се дружеше со уште еден италијански секс-симбол, актерката Џина Лолобриџида.tito sofija loren

Сестрата на Јованка Броз, Нада Будисајлевиќ во книгата „ Мојата сестра Јованка Броз“ открива занимиливости од животот на Јосип Броз Тито и првата дама на СФРЈ. Доживотниот претсењдател во време на неговото владеење го посетувале многу филмски ѕвезди од странство и тоа на него многу му годело, а и на Јованка.

– Еднаш Титот ми даде да прочитам писмо кое му го напишал Ричард Бартон. Сакав да видам како Бартон пишува, му напишал рачно писмо. Тоа за мене беше многу интересно. А во писмото на Бартон пишуваше дека му е непријатно што играл во филмот „ Sutjeska“ и го глумел Тито, му напишал дека  не сака луѓето да го гледаат и да го споредуваат со Тито, и дека чувствува како да губи во тоа споредување, раскажува Нада и додава.

tito elizabet tejlor barton

Инаку мисалм дека Тито бепе горд и задоволен што Ричард Бартон го глумел неговиот лик бидејќи во тоа време Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беа најголемите филмски ѕвезди во светот.

“Крупна жена со селски изглед, шармантна и со прекрасна насмевка”, го запишал Бартон првиот впечаток за Јованка Броз.

,,Тито е малечок, деликатен, има мали раце, нозе и глава. Поради затемнетите очила не можев да одредам каква боја му се очите. Стомакот му е голем, но остатокот на телото, се чини, витко. Кога ќе седне на маса, импозантен е,, запишал Бартон.

Тој со Тито разговарал и за Сталин, за кого Тито изјавил дека го “ценел како политичар, но не му се допаѓал како човек”, па за Черчил, за кого, пак, му рекол дека му верувал нему, но не и на Британците, а Бартон во својот дневник запишал дека “многу луѓе мислеле како него”.

Уште една легенда на американскиот филм бил Титов пријател. Кирк Даглас посакал да го запознае Тито, па “скромното” барање го упатил во Британската амбасада во Југославија. Тито кога ја слушнал желбата на големиот актер, решил веднаш да му ја оствари и испратил приватен авион.tito daglas

Прати приватен авион по мене и разговаравме повеќе од три часа! – изјавил Даглас, кој често се фалел со тоа што го запознал Тито.

Даглас се сретнал со Тито и кога тој и Јованка ги посетиле САД во 1971 година. По разговорот со Никсон во Вашингтон, Тито заминал во Холивуд. Тешко е да се опише колку уживал во вниманието на светските ѕвезди, кои доаѓале само да му стиснат рака.

Џон Ленон и Јоко Оно му пратиле два желади

Легендарниот водач на Битлси, Џон Ленон, кој како левичар го обожавал Тито, и Јоко Оно, му пратиле на Маршалот два желади за да насади даб.lenon-oko-i-broz-260x110

Познатиот Џон Ленон и неговата сопруга Јоко Оно во 1969-та година му напишале писмо на Јосип Броз Тито.

Во писмото биле испратени и два желади. Идејата на легендарниот пар била сите светски лидери кои влијаат во мирот во светот, во своите градини да насадат даб и да сфатат дека планетата е најважна.

„Драг господине, во овој пакет ви испраќаме два желади со надеж дека ќе ги засадите во вашата градина, поради мирот во светот“, пишува во писмото кои го испратиле Ленон и Јоко Оно.

lenon-oko-i-broz-1

Дракула – воен другар на Тито

Малку е познато дека Кристофер Ли, актерот кој го глумеше грофот Дракула во филмскиот класик од 1965 година, како и волшебникот Саруман во “Господар на прстените”, за време на Втората светска војна бил припадник на британската тајна служба и воен другар на Тито!

Кога го запознав, физички беше многу слаб, а всушност многу силен. Ги соедини сите – Словенците, Србите, Хрватите…, сите против Германците. Беше храбар и силен човек, како и луѓето околу него. На него се гледаше дека знае што сака. Беше голем човек и водач. Беше комунист – што е спротивно на моите убедувања, но успеа да ја соедини државата, а тоа е голема работа, изјавил Ли.

Чарли Чаплин му салутирал на Маршалот

Чарли Чаплин, кој инаку бил ноторен левичар, добил Орден со лента во боите на југословенското знаме. Чаплин запишал:

,,На Маршалот кому чинот не му е доделен со декрет, туку со борбата против фашизмот, јас, како војник на таа борба, му стојам мирно и му салутирам!.,,

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1