Тито како од мајка роден – досега скриена фотографија излезе во јавност (Фото)


Истражувајќи ја улогата на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито во граѓанската војна во Шпанија, новинарот и публицист Жељко Зиројевиќ наишол на потполно непозната фотографија од Тито.

Како што пренесуваат балканските медиуми, фотографијата не е интересна само по тоа што открива дека Тито бил припадник на меѓународните сили во Шпанија, туку и поради тоа што тој на оваа фотографија е потполно гол.

titoСе работи за автентична фотографија која во 1961 година е објавена во Зборникот на шпанските борци.

Книгата набрзо била повлечена од пазарот.

Зиројевиќ навел дека фотографијата „Југословени кои се капат“, на која се наоѓа и Тито потполно гол, во 1939 година настанала во францускиот воен логор во кој биле сместени меѓународните сили.

– „Точно е дека Јосип Броз Тито на петти мај 1952-та година, на новинарите од американскиот “Life”, им рекол дека на кратко ја пoсетил Шпанија и поминал еден ден во Мадрид. Другиот факт кој не е спорен, и претставува научен и доказен материјал, говори за тоа дека Тито заради преземање и целосна контрола над КПЈ морал прво да се ослободи од Благоја Паровиќ Шмит, кој во 1937-та година, кога бил ликвидиран, бил предвиден за генерален секретар на КПЈ“, наведува Глас новости.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1