Тито никогаш не пиел турско, сакал масажа и Јованка му била се во животот


Помошникот на претседателот за “Нов магазин” раскажува дека тој пред појадок секогаш заминувал во базен, а потоа на масажа, а додека траело тоа, тие подготвувале и послужувале појадок. По појадокот Тито заминувал на прошетка, а тој одел зад него со “фиќо”, во кое што биле сместени работите коишто можеле да му притребаат. Потоа, кога некаде ќе застанел да одмори, му служел кафе

Што сакал да јаде Тито, какво кафе пиел, како изгледале неговите последни денови во болницата во Љубљана и зошто НАСА специјално за него испратила храна којашто астронаутите ја носеле во Вселената откри последниот помошник на Тито, Јоже Осели, за Нов магазин”.joze oseli tito

Јоже Осели е словенечки готвач, член на Француската готвачка академија. Тој својата животна приказна би ја започнал со сцена од летото 1972 година, кога младиот Јоже и неговата сопруга Метка нервозно стоеле, а управителот на имотот Брдо кај Крањ ги претставувал на маршалот на Југославија, Јосип Броз Тито.

-Еве, токму сега ми дојде во раце книгата за храна којашто е подготвувана за претседателот и таму пишува дека за појадок му носеле палачинки. Тоа не е вистина. На него секој ден му даваа да јаде иста работа, односно неколку парчиња говедско место. Малку јадеше тој, а малку му даваше на кучето и тоа секој ден, никакви палачинки, џем вели тој.

Јоже за Нов магазин” раскажал како неколку пати во во животот имал среќа да биде во вистинско време на право место, па така било и кога започнал да работи кај претседателот.tito

-Прво почнав да работам во Парламентот на Словенија како келнер. Ми беше многу тешко бидејќи морав да се откажам од својот сон да станам кошаркар, а бев добар и требаше да заминам во Олимпија – изјавил тој и додал дека работел многу и оти немало одмор за него, а најмногу му помагал на Винко, кој бил шеф во резиденцијата на Брдо кај Крањ на Тито.

-Во август 1972 година Винко имаше закажан годишен одмор и го прашаа кој да го смени. Тој веднаш рече Јоже и Метка, првин затоа што се венчани, имаат образование и на крај, затоа што Јоже знае да работи се. Тој ми даде некои инструкции и замина на одмор раскажал готвачот.
За весникот тој кажал дека првата средба со Тито била кратка, но потоа станале поблиски.

-Се запознавме и се поздравивме со него и започнавме да работиме. Работата беше идеална. Навистина многу се работеше, но имавме слобода и да научиме и да работиме. Се што ќе посакавме можевме да го спроведеме – раскажал тој.Josip-Joska-Broz-21

Од некои стари завеси направиле прекривки за маса, а тоа веднаш го забележала Јованка Броз, за која од големо значење било тоа што тие двајцата се брачен пар.

-Што и да зборуваат за неа, за тие седум и пол години, колку што ги знаевме, никогаш не слушнавме лош збор од неа, а тоа што никогаш не бевме критикувани јас и мојата жена беше затоа што ние секое попладне ќе седневме и ќе разговараме што треба да подготвиме и што треба да ја прашаме Јованка. Таа му беше многу важна на Тито во животот. Сите приказни дека биле разделени, едноставно, не се вистинити. Тој брак беше како и сите останати. Тој беше нејзината единствена грижа, а Тито многу ја сакаше – истакнал Јоже. Додал оти секое утро со жена му во шест часот биле на работа.tito333

-Едно утро, токму пред почетокот на новата година во 1975, дојде соработникот на Тито, Драго Микелиќ и ми рече дека претседателот ме вика. Јас не му поверував, но повторно се врати и ми рече дека претседателот чека. Заминав, а Тито стоеше на нозе и ме праша: Јоже, убаво ли беше кафето?”. Се шегуваше. Ме викна на балконот и ми покажа кошница со мандарини коишто пристигнале од Бриони и рече: Ајде да ги поделиме на персоналот пред Јованка да ги пронајде”.

Како што знаел Јоже, сопругата на претседателот делела се во болниците и домовите за деца без родители, но знаела да му остави малку и на Тито. Помошникот на Тито за Нов магазин” раскажува дека претседателот на некогашната СФРЈ пред појадок секогаш заминувал во базен, а потоа на масажа, а додека траело тоа, тие подготвувале и послужувале појадок. По појадокот Тито заминувал на прошетка, а тој одел зад него со фиќо” во кое што биле сместени работите коишто можеле да му притребаат. Потоа, кога некаде ќе застанел да одмори, му служел кафе. Како што истакнал Јоже, тој секогаш пиел еспресо, кратко, чисто, без млеко и шеќер. Никогаш не пиел турско кафе, а за ручек и вечера никогаш немал специјална желба. Што и да било послужено, тој ќе јадел. По вечерата секогаш гледал филмови, понекогаш и два, доколку биле кратки. Никогаш не пиел жестоки пијалаци додека гледал филм. По филмот секогаш кога ќе имал слободно време одел во базен, па повторно на масажа. Јоже вели дека ни тој, ниту Метка немаат ниту едно евро во пензијата од тоа време додека работеле кај претседателот:titoijovanka

-Не плаќаа уредно за прекувремени часови, но придонесите ни ги уплаќаа само на основната плата, којашто изнесуваше некои 70.000 динари. Тито секогаш по секоја успешно сработена работа и посета на некои официјални лица ќе ги честеше сите вработени. Во посебни писма лично тој ставаше пари и верувајте, никој не беше запоставен.

Тој раскажува дека последните месеци и денови од животот на Тито ги поминале со него во болницата во Љубљана.

-Бевме со него скоро 24 часа дневно. Додека можеше да јаде, секако, носевме храна којашто смееше да ја консумира. Кога не можеше да јаде, мојата сопруга буквално го хранеше со лажичка. Кога не можеше да јаде ниту од лажичка, започнавме со храна којашто американските астронаути ја носеа во Вселената. Ја добивме директно од НАСА, беше скапувана како денес што е ред-бул”.

Кога повеќе не можеше ниту тоа и започнаа да го хранат со инфузии, подготвуваме храна за лекарите и за посетителите. Тоа беше убаво време, не би ја сменил службата кај претседателот Тито ниту денес султанот од Брунеи да ми понуди ролс ројс” од злато – истакнал за крај Јоже.

Инаку, Тито сакал да дарува подароци. Тој како подорок од него добил златен часовник. Во 1975 година кога се вратил од мировната конференција во Финска ги повикал него и Метка за да им даде подарок. Рекол: “Метка, лично го избрав и го купив за вас”.
Потоа ќе излезел од резиденцијата и ќе го прашал Франц, кој се грижел за цвеќето, како живеело семејството додека тој бил отсутен. Тито знаел да се грижи и за обичните луѓе, за разлика од овие што сега се на чело на една држава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1