Сареевскиот неделник „Слободна Босна“ објави исповест на Јованка Броз. Во интервјуто таа говори за својата љубов со Тито и како станала „другарка Броз“.
Еве што Јованка раскажува за љубовта на Тито кон жените.
– До поголемо зближување меѓу нас дојде за време на првата операција на која Тито беше подложен поради кила во 1947 година на Брдо кај Крањ. Таа операција не помина лесно и едноставно, во еден момент дојде и до сериозни компликации. Јас тие денови постојано бев со него. Кога почна да закрепнува за да му го разубавам денот му ги читав нашите најубави епски песни. Многу од нив заев и на памет. А потоа му рецитирав стихови од Алекса Шантиќ, Бранко Радичевиќ…За него тоа беше непознато. Растеше во друга средина. Тоа наше наследство многу му се допадна. Имав чувство дека ужива слушајќи ме, раскажа Јованка Броз.
Тито и зборувал дека неговиот живот бил тежок, исполнет со стресови, лични загуби.
– И чувствувам дека со тебе, најпосле би можел да ги надам мирот и среќата, рече без размислување, раскажа Јованка.
– Разликата од 32 години не претставуваше никаква пречка меѓу нас. Напротив. На добар начин ние се следевме еден со друг, посебно кога станува збор за слободното време. На пример Тито играше билијард, тоа го научив и јас покрај него. Тој одеше на лов и беше одличен стрелец, но и јас во војната научив да пукам. Пливавме заедно, јаа подобро од него. Тој беше со многу развиени чувства за музика, јас бев без слух. За политиката да не зборуваме: тој така надмоќен, но ни јас не бев аполитична“, вели Јованка.
Канал 5