Тодор Петров ќе собира 150.000 потписи за нов референдум


„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“

Вака би гласело евентуалното референдумско прашање, доколку се соберат потребните 150.000 потписи и се распише дополнителен референдум за името.

Законодавно – правната и комисијата за политички систем дадоа зелено светло да се отпочне со собирањето на потребните потписи, оценувајќи ја иницијативата на претседателот на Светски македонски конгрес, Тодор Петров за уредна. Според него, граѓаните одговарајќи на прецизно и недвосмислено прашање на нов рефрендум ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на собраниската седницата одржана пред три дена.

-На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за” или „против” или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување, рече Петров.

Собирањето на потребните потписи ќе започне откако спикерот Џафери комисисиките извештаи, преку премиерот Заев, ќе ги достави до ДИК.

По што Комисијата во рок од 20 дена ќе треба да ги достави формуларите за собирање потписи до сите подрачни единици низ државата. Минималната бројка од 150.000 потписи иницијаторите ќе имаат рок да ги соберат за максиму три месеци. Но, очекувањата на Тодор Петров е дека тие ќе се соберат порано бидејќи подрачните канцеларии на ДИК во пресрет на претседателските избори ќе работат во повеќе смени. Очекува доколку бидат собрани за краток временски рок, граѓаните да се изјаснат дали се за Северна Македонија, заедно со претстојните претседателски избори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1