Се уште не е прецизно утврден датумот. Датум ќе одредиме само кога ќе сме сигурни дека тој датум ќе е прифатлив за СДСМ и дека ќе излезат на избори, да не ни се случи повторно како минатиот пат да бараат одложување, изјави Никола Тодоров кој е преговарач од ВМРО ДПМНЕ во Пржино.
За мене оние работи кои треба да се спроведат околу избирачкиот список и останатото се технички работи и лесно и брзо може да се завршат, но дури потоа ќе разговараме за точен датум, за да бидеме сигурни дека избори на тој датум ќе има, изјави Тодоров
Она што е јасно е дека оваа преодна влада ќе има мандат само до изборите, а потоа народот ќе избере и мандатот на оваа влада ќе заврши, како и оваа политичка криза во која веќе долго време е Македонија, изјави Тодоров.
Партиите ги усогласија ставовите околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи да врши 15 смени на раководни функции и 10 % хоризонтално ниво.
Постигнат е договор околу избалансирано известување, избирачкиот список, и составот на преодната влада 100 дена пред изборите.
Договорот е условен, доколку се исполни се она што денеска е договорено лидерите треба на 31 август да седнат и да го потврдат, доколку тоа е постигнато и во тој случај би имале избори на 11 декември.