Министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Гранковскиот синдикат за здравство вечерва и официјално потпишаа анекс на колективниот договор кој значи постигнување на договор за актуелните состојби во здравството и решавање на предизвиците, пренесува Курир
Синдикатот се согласи реформата плаќање по учинок да се спроведува при формирањето на висината на платите
Притоа, како што пишува Курир, проектот ќе се модифицира со квартална пресметка што значи дека учинокот ќе се пресметува на секои три месеци и специјалистот ќе зема плата по учинок како просен од трите последни месеци со што ќе се отвори поголема можност за корекција.
„Исто така ставена е и обврска на директорот да му укаже на здравствениот работник кој имал помала работна успесшност и да му овозможи да оствари 100% плата, воведен е и администратор кој ке го врши целокупниот внес на интервенции за да не се оптоварува здр. работник со административни работи. Прагот на толеранција од досегашните 0.98-1.01 е зголемен на 0.96-1.02 што значи дека се отвора можност поголем дел од лекарите да земат 100 отсто плата.“ – објавува Курир
Специјалистите добиваат зголемување на платите во висина од 19,2% во период од 15 месеци.Веќе од февруари специјалистите ќе добијат зголемени плати за 4,8%.
Во октомври ке биде второто зголемување од 4,8%,за во мај следната година платите на специјалиститеда се зголемат за уште 9,6%.
Курир