Во Центар, Карпош и Кисела Вода денес ќе нема струја


Без струја ќе останат корисниците во Индустриската зона Визбегово и делови од општините Центар, Карпош и Кисела Вода.

strujaОд 9 до 11 часот струја ќе нема во Индустриската зона Визбегово. Од 14 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Горно Нерези во близина на Трафостаницата Горно Нерези 2, од 13 до 15.30 часот улиците „Женевска“ број 6 и околните објекти и „Гаврил Лесновски“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот струја ќе нема во дел од Злокуќани.

Без струја од 12 до 14 часот ќе останат корисниците од булевар „Борис Трајковски“ од број 40 до број 60 во Кисела Вода, додека од 8 до 11:30 часот корисниците од Луна Парк, ресторан Уранија, Тениски Клуб и спортско игралиште на АРМ во Градскиот Парк, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1