Тодоров: Сè уште постои ризик од заразни болести


Сè уште постои ризик од заразни болести, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.todorov-1-640x294

-Ризикот постои, иако првата недела помина. Ги превземавме сите неопходни мерки за заштита, иако нормално е и очекувавме да има заразни болести, сега за сега сме среќни бидејќи нема. Иако ризик постои, како ќе поминува времето, до шестта недела би требало да бидеме сигурни. Мошне беше добра одлуката да не се пие водата иако се уште не беше испитана. Два пати беше проверена пред да бидеме сигурни дека истата може да се пие, изјави Тодоров.

Според него, донесените мерки се навидум едноставни, но има премногу работа.

-Кога ќе кажеме треба да се даде аванс на луѓето, и звучи едноставно, но тоа има административна работа за која треба време. Но, правиме напори до крајот на неделава да се заврши работата и веќе да се исплаќаат авансите, вели Тодоров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1