Тодоров во ненајавена посета- доктор во Куманово спиел, сестри пушеле цигари


Mинистерот за здравство Никола Тодоров со членови од неговиот Кабинет, по полноќ, ненајавено ја посетиле Општата болница во Куманово.

Како што објави kumanovonews.com, при нанадејната контрола бил затекнат доктор како спие на работното место за време на дежурството, медицински персонал кој не го почитувал Законот за пушење на едно од одделенијата, а биле забележани и неколку пациенти со цигари во рака.

todorov poseta bolnica

Полноќната контрола утврдидила дека не е во функција тетра-радиостаницата која е наменета за комуникација меѓу Итната медицинска помош и Ургентниот центар во Општа болница Куманово.

Како што ни откриваат вработени кои ноќеска ја следеле ненадејната посета,  министерот Тодоров ги посетил Ургентниот центар, одделенијата за интерна медицина, педијатрија, гинекологија, но не знаат дали се сретнал со директорот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1