Тешка сообраќајка кај Штип: Еден загинат и двајца повредени


Во тешката сообраќајна несреќа која што се случи вчера околу 19 часот во близина на штипското село Криви дол, едно лице е загинат, а двајца се повредени.

Foto - Denesen

Foto – Denesen

Во сообраќајната несреќа учествувале три возила. Како што дознаваме од истрагата возачот на Југото починал на самото место, а двајца повредени биле во возилата Сеат и Шевролет – Матиз . Според првичните информации возачот на едно од возилата се обидел да избега од местото на несреќата.

По само стотина метри повредениот возач,бил најден од екипите на брзата помош и однесен во болница. Увидот е во тек, а двајцата повредени се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Загинатото лице е маж на возраст од 30 – тина години, кај кого не биле најдени лични документи. Нема информации за идентитетот и на другите учесници во сообраќајната несреќа, ниту за причината или за состојбата на повредените.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1