Тој нема леб да јаде, а некој му го украл идентитетот – подига кредити и отвора фирми на негово име


Додека Никола Вујков Исиќ од Бечеј со години се обидува да го прехрани петчленото семејство, некој во негово име отвора фирми и подигнува кредити.

Иако има одредени сомнежи, до сега не дознал кој му го украл идентитетот.

nikoЗа жал тој не е ниту прв ниту последен граѓанин кому е нанесена огромна штета поради злоупотреба на личните податоци. – Претпоставувам дека имам 10 двојници, затоа што во секоја банка има различна слика од НИкола Вујков Исиќ, вели Никола.

Никола инаку никогаш не ги загубил личните документи, а некој неговите лична карта и матичен број ги злоупотребува веќе 8 години. Ни самиот не знае колкуј пати давал изјави во полиција, но е извесно дека на негово име има отворено најмалку две фирми кои вршеле проневери.

Иако судски вештак докажал дека потписот не мениците не е негов, проблемите тука не завршиле. Поради ситуацијата во која се наоѓа, со години наназад не успева да најде вработување.

извор Б92/канал5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1