Хрватите ќе станат шеици – ќе се вади нафта од Јадранско море


Русите и Американците чекаат Хрватска да донесе нов закон, кој ќе овозможи вадење нафта и гас од Јадранското море. Законот е во процедура и наскоро може да биде донесен, а за нафтените полиња во Јадранското море заинтересирани се многу нафтени компании.

oil-well-shadowАмериканската компанија „Ексон“ е веќе заинтересирана за инвестирање во терминал за гас на Крк. За многумина ова е спас за хрватскиот бруто домашен производ кој постојано тоне. Покрај Американците и Русите сакаат да истражуваат во Јадранот, а се поголем интерес има и од италијанските, француските и англиските компании. Меѓутоа, голем дел од Хрватите сметаат дека странските инвеститори ќе го уништат Јадранот и оти еколошките проблеми ќе бидат поголеми од ползата.

„Се проценува дека на Јадранот има залиха од околу 700 милиони тони нафта и поради тоа има голем интерес од странските компании“, вели познатиот хрватски експерт за експлоатација на нафта Мирко Зориќ.

И покрај можноста да дојдат многу странски инвеститори во Хрватска, сепак постои старв дека руските и американските компании ќе „издупчат“ се што е можно, а крајниот ефект нема да биде поволен за државата.

Се проценува дека платформата и се околу неа чини околу 250 милиони долари, што е голема сума дури и за големите компании, па затоа тие се здружуваат во конзорциуми. Така ќе биде и на Јадранско море, а Хрватска очекува годишна заработувачка од 500 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1