Леви Б. Картер, 28 годишен Американец, кој полицијата во Ајова Сити го тестирала на алкохол, поради тоа што тој предизвикал полесна сообраќајна незгода, успеал во нешто што никому не му тргнало од рака
Картер возел автомобил кога удрил во знак покрај патот, а по тоа на местото на несреќата дошла и полицијата, која извршила задолжително тестирање на алкохол.
Меѓутоа, она што го откриле ги шокирало.
Картер толку многу се напил, што полицискиот уред не можел да ја измери количината на алкохол во него, што би значело дека количината на алкохол во неговиот организам била шест пати поголема од дозволената.
Несовесниот маж е обвинет за возење во пијана состојба.