Толку бил пијан што го блокирал и алко тестот


Леви Б. Картер, 28 годишен Американец, кој полицијата во Ајова Сити го тестирала на алкохол, поради тоа што тој предизвикал полесна сообраќајна незгода, успеал во нешто што никому не му тргнало од рака

alkotestКартер возел автомобил кога удрил во знак покрај патот, а по тоа на местото на несреќата дошла и полицијата, која извршила задолжително тестирање на алкохол.

Меѓутоа, она што го откриле ги шокирало.

Картер толку многу се напил, што полицискиот уред не можел да ја измери количината на алкохол во него, што би значело дека количината на алкохол во неговиот организам била шест пати поголема од дозволената.

Несовесниот маж е обвинет за возење во пијана состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1