Тони Михајловски со порака до оние што се полеваат со вода


И во Македонија стана актуелен ледениот предизвик. Познатите личности се потураат со ладна вода, предизвикуваат нови имиња да го сторат истото.

toni-520x417

Идејата на овој предизвик е всушност покренување на свеста за една од најтрагичните заболувања, амиотрофична латерална склероза. Всушност преку номинирањето на ѕвезди за овој предизвик се бара тие да донираат за овозможување на пронаоѓање лек за кобната болест. Оној кој нема да го прифати предизвикот да се полее со ледена кофа и номинира уште тројца, донира средства. Оној кој ќе го прифати предизвикот го споделува видеото и каузата, со што се шири повикот и понатаму за поддршка и помош на заболените лица.

Македонскиот актер Тони Михајловски се обрати на оние познати Македонци кои се полеваат:

Супер е ледениот предизвик,но приметив исто така дека пред да ја “попијат” кофата истите пишуваат чек. Кофите ги видовме ама чековите никаде ги нема .. Да не сме ја утнале поентата малце се плашам.. – напиша Тони на својот фејсбук профил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1