ТОП 5: Најголемите грешки при возење на снег


sneg-top-5-1

Лажно чувство на сигурност

Иако возилата со погон на сите четири тркала имаат подобри перформанси од останатите во снежни услови, самата технологија може на возачите да им даде лажно чувство на сигурност. Денешните автомобили се посигурни, со подобра опрема и однесување на патот, но не се семожни во отежнати временски прилики. не е на одмет вниманието и концентрацијата да бидат на највисоко можно ниво.

Недоволна подготвеност

Најопасен ден на патиштата е оној кога првиот снег ќе падне. Многу од возачите не се психички подготвени за возење во зимски услови, а не се ни нивните возила најчесто.

Пребрзо возење

Ова е една од најголемите грешки при возење на снег. Повеќето возачи имаат лоша навика дека кога ке излезат на автопат можат да возат со вообичаена брзина. Пребрзото возење го намалува времето кое е потребно за да реагирате благовремено во случај на нагла опасност. Исто така, потребно е 4 до 10 пати повеќе време да се закочи на снег или на мраз.

Премала одалеченост

Многу од возачите по навика (возење при нормални услови) држат премало растојание од возилото пред себе. Тоа, секако, драстично го намалува времето на реакцијата доколку се случува нешто непредвидено.

Се препoрачува три пати да се зголеми одалеченоста, за да се осигура минималниот пат на кочење од осум секунди. Со други зборови, доколку возите со брзина од само 20км/ч, одалеченоста помеѓу вашиот автомобил и тој што вози пред вас мора да биде четири должини на возилото, додека ако возите со 50км/ч – 12.

Нагло кочење

Многу возачи рефлексно при паника нагазуваат на кочницата кога ќе осетат дека тркалата пролизгуваат. Немојте да го правите тоа, бидејќи така се губи контролата врз возилото.
Она што морате да го направите е да ја ослободите педалата и со моторно кочење да го успорите возилото колку што е тоа можно.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1