Пет од десетмината луѓе кои имаат заработено милијарди во 2013, го имаат направено тоа благодарение на бизнисот со софтвер, Интернет-технологиите или другите сегменти на IT пазарот, соопшти истражувачката агенција на светското богатство – Wealth-X.
Лидер на оваа листа е Ворен Бафет, кој во просек заработувал по 37 милиони долари на ден и за една година се збогатил 12.7 милијарди долари.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, го зазема второто место со заработени 11.5 милијарди за една година.
Понатаму во листата се набројуваат шефот на Amazon – Џеф Безос (+11.3 милијарди долари), генералниот директор на Facebook, Марк Џукерберг (+10.5 милијарди долари) и основачите на Google, Сергеј Брин и Лари Пејџ (по 9,3 милијарди секој).
Во оваа листа можат да бидат вклучени и Американскиот инвеститор во технолошки компании -Карл Исак (+7.2 милијарди долари) и основачот на Јапонскиот мобилен оператор Softbank -Масајоши Сан (+10.3 милијарди долари).
Според истражувањето до крајот на годината Марк Цукерберг ќе го зголеми приходот со дополнителни 2,3 милијарди долари, откако веста дека има намера да продаде 41.3 милиони акции на Facebook стана официјална.
Во рангирањето на Wealth-X влегуваат и двајца магнати на коцкањето, сопственикот на казина Шелдон Аделсон со 11.4 милијарди долари и еден од најбогатите Кинези во светот- Луј Дека Ву (+8.3 милијарди).
Заедно бизнисмените од оваа Топ 10 листа заработиле 101.8 милијарди долари за оваа година, а нивната општа состојба се проценува на 347 милијарди долари.
SocialNet