Состојки:
За леб: 1 кг брашно, 4дл вода, 1 лажица шеќер, 1 свеж квасец, сол
За фил: 150г путер, 200г шунка, 300г кашкавал, 150г фета сирење, 6 кисели краставички, 4 јајца, 150г маринирани шампињони, 1 бабура, зачин Ц
За декорација: 100г листови шунка, 100г чаден кашкавал
Подготовка:
Леб: Во сад соединете ги квасецот, млаката вода, шеќерот и солот. Постепено додвајте брашно додека мешате додека не се добие еластично тесто.
Подготвеното тесто покријте го со платнена крпа и оставете го на топло.
Стасаното тесто ствате го во калап кој претходно ќе го намачкате со зејтин и ќе посипете брашно на дното, оставете уште малку да стаса па ставете го во загреана рерна и печете додека не порумени.
Фил: Шунката, краставичките и пиперката исечете ги на коцки, јајцата сварете ги и исецкајте ги на коцки, а шампињоините на листови.
Од печениот и оладен леб исечете ја горната кора, а потоа издлабете ја средината да остане 1 сантиметар леб. Со филот наполнете ја внатрешноста на лебот и ставете го во фрижидер да се стегне. Врз оладениот леб изрендајте чаден кашкавал и декорирајте го со парчиња шунка.
365.ком.мк