Еден од најпознатите македонски ергени, Васко Тодоровски познат како Тошо Малерот од серијата К 15, денеска се ожени во Матичната служба во Скопје, пренесува „Теа модерна“. Тодоровски за магазинот изјавил дека е пресреќен што ја пронашол жената на својот живот.
Неговата избраничка е Марија Христова , мајка на деветгодишна ќерка, која живее во Австралија, а во моментов е во Македонија заради венчавката. Како што наведува магазинот нивните планови се поврзани со Австралија, каде заедно ќе заминат наскоро.