Глумицата Џени Гарт, која во „Беверли хилс“ ја играше улогата на Кели, денеска е сосема непрепознатлива.
Таа има 42 години, но се уште изгледа неверојатно привлечно.
Сепак, нејзиниот изглед е навистина сменет, а тоа се докажало и кога таа сакала да влезе преку ред во ноќен клуб во Лос Анџелес, но никој од обезбедувањето не ја препознал.
Тие одбиле да ја пуштат и покрај тоа што Џени инсистирала дека е позната личност со долгогодишно искуство.
Таа на цел глас викала пред клубот и направила вистинска сцена, но на крај сепак не успеала да влезе, се расплакала и си заминала дома.