ВИДЕО: Заплака уште една статуа на Дева Марија


Бела статуа висока околу 120 сантиметри веќе 20 години стои пред црквата во Грифит, Индијана, но неодамна наводно таа пуштила солза. Први кои ја виделе солзата биле учениците од основното училиште кои  отишле на исповед во црквата.

statua deva marijaМногумина се прашуваат дали станува збор за божји знак или постои некое објаснување. Меѓу скептиците е и свештеникот Теодор Менс, кој смета дека мора да има природно објаснување.

“Господовата порака низ историјата секогаш била иста – покајте се, престанете да грешите, крстете се и молете се, верувајте во Евангелието. Јас нема да кажам ништо против Божјиот карактер, но јас не сакам да бидам наивен. Писмото и зборовите на Исус се она што мене ме води низ животот, а не солзите што некој може да ги видел на  статуата. Но, ако таа солза била вистинска тогаш сме поблиску до Бога, што е прекрасно “, рече Пастор Теодор Менс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1