За подобро расположение, сладолед со вијaгра


Сладоледот со вкус на јагода или чоколадо веќе не е доволно романтичен, па затоа една британска компанија од Велс решиле да создадат еден нов вкус, а тоа е сладолед со вијагра.

strangest-ice-cream_viagra_Hanan-Cohen.grid-4x2Овој сладолед со сина боја и вкус на шампањско, свети во темно, содржи само 25 милиграми вијагра, но го поправа расположението, вели творецот на овој сладок производ кој е направен во ограничена количина за „еден славен клиент“.

– Мора да бидеме таинствени бидејќи така налага договорот кој го потпишавме. Затоа не можам да го откријам името на клиентот. Она што смеам да го кажам е дека сите беа задоволни од крајниот резултат – велат од компанијата „Harrys sweet company“ од Јужен Велс.

Инаку ова не е прв сладолед со вијагра на пазарот. Првпат бил направен пред три години во Лондон. Се состои од природни стимуланси како што се гинко билбоа, гуарана и зелен апсинт, аможе да го консумираат само лица постари од 18 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1