13 годишно девојче вчера попладне се удавило во кумановското село Проевце, во водите на напуштената кумановска Стара бања.
Според првичните информации на МВР, сега починатото девојче од ромска националност се удавило во водите на Стара Бања околу 15 часот и 30 минути.
Подетални информации околу немилиот настан МВР најавува во текот на денот.