Две деца и нивната мајка, српски државјани починале откако утрово околу 7 часот со автомобилот кој го управувал таткото удрил во бетонски столб на патот Демир Капија – Гевгелија, дознава Press24од полициски извори.
Според информациите, автомобилот марка Рено Меган со српски регистарски ознаки загубил контрола и се удрил во столбот. Двете деца се на помала возраст. Во сообраќајката повреден е и таткото кој управувал со автомобилот но се наоѓа надвор од животна опасност.
Од МВР официјално ја потврдуваат оваа информација но не откриваат повеќе детали.
Во сообраќајката кај Гевгелија загинаа жената и децата на српски поп – тој е пренесен на Ургентен
Српскиот поп во Грција требало да врши богослужби – кај Гевгелија му загина цело семејство