Пламени јазици до темел ја изгореа црквата „Свети Спас“ во беровско Владимирово.
Пожарот што го зафати објектот утрово ја остави Мaлешевијата без една од најстарите цркви. Првите претпоставки се дека пожарот тргнал од свеќите кај олтарот, пренесе ТВ Стар.
Жителите активно се вклучиле во гаснењето на огнените јазици. Среќа во несреќа е што се спасени околните објекти и старите куќи во селото, објави ТВ Стар.
Значењето на оваа црква за владимирци е големо, но фактот што овде имало повеќе стари икони заштитени од државата, ја прави штетата ненадоместлива.
Болката по духовниот храм не можеше да ја сокрие ниту дедо Никола, кој 52 години беше клисар во оваа црква.
Причините за пожарот во црквата допрва ќе се истражуваат, исто така и штетите. Според свештениците од Струмичката епархија штетата е огромна, но тие веруваат дека владимирци ќе помогнат во повторната нејзина изградба.
Погледнете го видеото на ТВ Стар