Јујтуб ѕвездата Калеб Логан почина ненадејно во 13 година од животот.
Талентираното момче освои срца на милиони луѓе во светот кои секојдневно ја следеа Јујтуб серијата Брајтлес. Популарното шоу го следеше животот на неговото семејство.
Во последното видео кое го објавил на неговиот канал одговарал на прашање: „Што си порачуваш на себе си во иднина?“.
-Ова е ужасен шок за сите нас. Зборовите не може да опишат колку ќе ни недостасува“, напишано е на официјалниот Инстаграм профил.
Причината се уште не е позната, но е сигурно дека станува збор за природна смрт.