Трагедија се случила утринава околу 6:40 часот на автопатот Неготино-Гевгелија, јавува Курир.
Украинско возило „Даеву Нубира“ излетало од коловозот, по што возачот излегол од автомобилот да побара помош. Во тој момент на него наишол автомобил „Цитроен“ со српски регистерски ознаки и го усмртил на лице место.
По проверките утврдено е дека станува збор за украински државјанин, Спари Т. на возраст од 27 години.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.