Трагедија на познатата тенисерка: Бившиот сопруг ги убил двете деца на спиење па се самоубил


Стефани Рајс, поранешна американска професионална тенисерка, добила повик дека нејзините две деца, Харисон (15) и Шелби (13) не се појавиле на училиште.
Откако не можела на трелефон да ги добие ниту нејзините деца ниту поранешниот сопруг Мајкл Хан, таа се одвезла во куќата на Хан во Сионвил, Индијана, но вратата била заклучена и никој не одговорал.
Таа знаела дека нешто не е во ред, па повикала полиција.
Полицијата влегла во куќата околу 10.30 часот и ги нашле Шелби и Харис во нивните кревети, смртоносно повредени, а Хан мртов.

Полицијата верува дека Хан ги убил своите деца додека спиеле пред да ја крене раката кон себе.
“Не можам ни да замислам да одземам мечиј живот, а камоли да ги убијам моите деца”, рекол Буне Мајк Нилсен, шеф на полицијата.
“Тоа е нечуено. Јасно е дека некој не бил целосно свој кога го повлекол тој окинувач”, додал тој.
Нилсен вели дека ниту еден сосед во селската заедница не слушнал пукање.

Според извештаите во медиумите, Рис и Хан неодамна минале низ потешкотии врзани за старателството над децата.
Во барањето што го поднесла во декември, Рис побарала на Хан да му се скрати времето што го поминува со деца и секој месец да биде тестиран за нивото на алкохол во крвта, на што подоцна се согласил.
Таа, исто така, поднела жалба во август, жалејќи се дека Хан не плаќа алиментација.
Нилсен вели дека самоубиството и убиствата не само што ја погодиле заедницата, туку и полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1