ТРАГЕДИЈА: Почина познат македонски кошаркар на само 22 години!


Огромна болка и неизмерна тага ги потресе кошаркарските кругови вечерва, откако на социјалните мрежи се појави веста за смртта на поранешниот кошаркарски младински репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски, кој почина утринава на 22 годишна возраст, .

Станува збор за поранешен играч на Јуниор, Ангели и Торус, како и за средношколски екипи од САД. Од теренот се повлече пред две сезони, но продолжи да живее „преку барата“. Деновиве беше во Скопје поради обновување на документите за престој во САД, но не успеа повторно да замине таму.12344-624x498

Станува збор за момче кое рано се соочи со трагедијата, откако на само 17 години останал без татко. Погребот ќе се одржи во утре на гробиштата Драчево.

Ова е втора кошаркарска смрт во кусо време, откако пред нецели четири месеци ненадејно и трагично нѐ напушти 15-годишниот репрезентативец, Филип Сотиров.

sportmedia.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1