ТРАГЕДИЈА: Татко и шест дечиња починаа поради неисправен радијатор


Татко и неговите шест деца починале од труење со јаглерод моноксид во нивниот стан во градот Ровинари  во Романија. Причина за оваа несреќа најверојатно била неисправна инсталација за греење, соопштија денеска романските власти.

radijator

Трите девојчиња и трите момчиња биле на возраст од 6 месеци до 7 години, а нивниот татко имал 28 години.

Властите сметаат дека причина е најверојатно труење со отровниот гас настанат од неисправна инсталација за греење.
Во Романија од труење со гас на годишно ниво умираат неколку десетици луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1