Обвинетото момче на судењето кое ја потресе Холандија признало дека ја убило девојката со нож кога влегол во нејзината куќа и дека во истиот омент го ранил и нејзиниот татко. Претходно жртвата на Фејсбук објавила коментар дека нејзината пријателка која во јавноста се претставува под псевдонимот „Поли В.“ (16) е промискуитетна.
Двете пријателки поради тоа почнале да разменуваат навреди на најпопуларната социјална мрежа, па затоа Поли В. И нејзиниот дечко Весли Ц. Кол имал 17 години одлучиле да ја убијат Хау на тој начин што за злосторството го поткупиле Јинху К.
Тинејџерскиот пар на својот врсник му понудиле пари и му ветиле дека секогаш ќе му плаќаат пијачка кога ќе го сретнат за време на вешерните излегувања.
Тројцата обвинети, како и самата жртва припаѓаат на кинеската заедница во Холандија.
Убиството го планирале една недела.
Министерството за правда во Холандија соопштило дека парот и убиецот една недела го планирале убиството, договарајќи се преку Фејсбук и телефон. На крајот Јенху добил порака со име и адреса на девојчето кое треба да го убие како и времето кога девојчето било дома.
„Платениот“ убиец се спротивставувал на намерата да го стори делото но момчето на навреденото девојче постојано го притискало.
– Многу ми е жал што го убив девојчето, изјавил пред судот обвинетиот Јенху кој живее во близина на Ротердам.
Таткото на жртвата: децата веќе немаат почит кон никого
Судот му се обрати со писмо и на таткото на жртвата, Чун Нам Хау.
Тој напишал многу емотивна порака: „Секој ден се прашувам како е можно тие луѓе да го организираат нејзиното убиство само поради обична кавга. Гледам дека децата стануваат се понасилни. Немаат почит кон никого и не размислуваат за другите. Се надевам дека вие како судии, политичари, родители и целото општество ќе направите нешто во иднина да се спречат ваквите злодела“.
Судењето е отворено за јавноста
Судењето на малолетниците во Холандија е затворено за јавноста но судиите одлучиле овој случај сепак да биде јавен бидејќи психијатрите дале мислење дека јавното судење нема да има штетни последици за обвинетите.
Главниот мотив судењето да биде јавно вил јавноста да се запознае со улогата која социјалните медиуми ја имале во овој случај.
Судењето на нарачателите Поли В. И нејзиното момче Весли Ц. Ќе започне наскоро кога ќе биде одлучено дали ќе им се суди како на малолетници или како на возрасни.