Охрид фест зад сцената: ЏАФЕР- не ми давај поени, тоа не ми треба!


Дека пеачите, како и другите уметници, се напати, нелогични или несфатливи, сведочи и следниов пример.

Познатиот поп пејач Мики Јовановски- Џафер настапи на Поп вечерта на „Охрид фест 2012“.

Членовите од жирито кога го видоа побрзаа да се поздрават, да му направат чест и да поразговараат со него (некои од нив чудејќи се што бара таков пеач да се натпреварува). Мики им велел- немој да гласаш за мене, не ми давај поени, тоа не ми треба! Јас сум дојден онака….

Сепак на крај зеде прва награда од Советот на фестиваот, а и од жирито имаше по некој поен.

хххх

Ристо Сарамаџиев со песната „Езерска“, облечен како морнар и во придружба на неколку момци, исто облечени како морнари, победи во „Поп вечерта“. Ристо е познат по тоа што ако не победи во ликот позеленува од мака, а кога победува сјае од радост. Овој пат по победата беше весел се дружеше со сите, а на грчката пејачка Иро Ирополу и вети дека ќе и ја даде песната „Магија“ да ја преработи на грчки. Инаку, „Магија“ е песна со која на овој фестивал во „Вечерта на нови ѕвезди“ победи талентираната Лена (21) која живее во Австралија, но сега се пресели тука за да гради музичка кариера во Македонија.
Иро и предложи песната заедно да ја испеат на некој грчки фестивал.
Расположението во Гарден хотелот, каде постфестум се дружеа пејачите го наруши „принципот“ на персоналот. По 01 часот не сакаа да слушнат да се нарача уште по некој сок или кафе (макар ни на сметка на соба), иако некои од пеачите тогаш пристигнаа ожеднети (и после ем немет ренде ем немет туристи- немет зш да имет)

хххх

Тука е и Владо Јаневски. Тој се шета низ Охрид (најчесто сам, зошто ги љуби таквите прошетки), ужива, а кога е во друштво секогаш до него е убава дама.

Грчкиот менаџер Крис Заферидис на постфестивалската дружба веднаш го препозна од Евровизија и му пристапи да се фотографираат и да поразговараат „од нога“.

ххххх
Е, нај-цар човек си е Наум Петрески. Како и секогаш. Номче победи во „Фолк вечерта“ (малку чудно, на сред лето со песна за Коледе и Божиќ) ама толку опуштен си ужива и пет пари не дава. Познатиот боем, другар и крал на македонската фолк песна слави и кога треба и кога сака. И по победата славеше со друштво во познатата кафана Света Софија. И какво задоволство за случајните минувачи е да видиш Наум да си седи на терасата насмеан на маса (овој пат со охридскиот пејач Симон Костовски и со пријатели) а групата „Охридски бисери“ да му ја свират на увце „Русе ле моме убаво“, „За Марија“…а потоа и Номче да стане и да запее „Жал за Деспина“, „Има ли песна“ и други свои песни.
-Кога пее, толку лесно му ојт, како кога зборува! Браво бе Номче, ти да не си, шчо ќе прајме, го тапкаа по рамо охриѓани.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1