Трагедија го потресе Белград откако 80-годишниот Светозар Р. починал во градинка кога отишол да си го земе своето внуче.
Според податоците на српскиот Курир, трагедијата се случила вчера околу 15 часот во градинката Хајди, каде Светозар чекал воспитувачката да му го донесе внучето, па во еден момент му се слошило и се срушил на земјата во градинката преполна со деца.
Веднаш била повикана Брза помош, но за жал лекарите можеле само да констатираат смрт.