ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: Момче се набодело на нож оставен на кревет во студентски дом


Седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож синоќа во Студенскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, соопшти МВР.noz

Момчето скокнало со грбот на креветот, на кој според негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење.

Веднаш потоа со такси возило бил однесен во Клиничката болница во Битола каде што му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1