Поскапуваат бензините и дизелот


Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).benzin3

Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1