ТРАГЕДИЈА ВО БРАЗИЛ: Загина млада новинарка што известувала за фудбалот


Аргентинската новинарка Марија Соледад Фернандез која известуваше од Светското првенство во Бразил загина во сообраќајна несреќа по враќањето од натпреварот меѓу Аргентина и Швајцарија.

maria_soledad_fernandez_01-614x400Тричлената новинарска екипа се враќа од натпреварот кој се играше во Сао Паоло, кога возачот загубил контрола над автомобилот и слетал во провалија. 26-годишната Марија испаднала од автомобилот и починала на лице место од здобиените повреди. Двајцата нејзини колеги се повредени, но се надвор од животна опасност.

Младата новинарка, која известувала за ТВ станицата Директ ТВ Спортс, е ќерка на угледниот аргентински новинар Мигуел Фернандез, кој исто така известувал од Мундијалот за националната телевизија, но тој иако требало да биде во истиот автомобил во последен момент се откажал од таа тура.

Поради смртта на новинарката аргентинската репрезентација изразувајќи сочувство за нејзиното семејство ја откажа последната прес-конференција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1